С

писанието на Институтот за македонска литература „Спектар“ е единственото списание во Република Македонија посветено исклучиво на науката за литературата со посебен акцент на македонската литература и од 2010 година има меѓународна редакција. Задоволство ни е да Ве поканиме да приложите Ваш труд во списанието. Глобалната ориентација на „Спектар“ е проучување и афирмација на македонската литература, нејзиното позиционирање во балканските и светските литератури, како и компаратистичките проучувања  на македонската и другите книжевности. Се разбира, иако Редакцијата и издавачот, Институтот за македонска литература, претпочитаат трудови кои се фокусираат на разните аспекти на македонската книжевност, во одделни рубрики, секако дека има простор и за трудови кои се обраќаат и кон други предмети на истражување. Рубриките на „Спектар“ се:

  • Литературна историја
  • Современа македонска книжевност
  • Литературни врски – репринт од светот
  • Теорија – поетика
  • Мит и фолклор
  • Прикази, осврти, рецензии

Трудовите во „Спектар“ се рецензираат.
Обем на трудот: најмногу до 16 страници (1 авторски табак или 30.000 знака).
Трудот да содржи клучни зборови на македонски и англиски јазик и резиме на англиски јазик.

Правила на форматирање на текстот

Трудот да биде напишан на македонски јазик во MS Word формат, фонт Times New Roman, 12 точки, 1,5 растојание меѓу редови, 0,5 цм вовлекување на првата линија во пасусот (не со таб), начин на цитирање Harvard.

  • Наслов 12 болд центрирано
  • Името 12 болд лево
  • Генералии 11,5 лево
  • Клучни зборови 11 лево
  • Key words 11,5
  • Тело на текст 11,5
  • Литература 11
  • Наслов англиски 12 болд центрирано
  • Име англиски 12 болд лево
  • Summary 11,5

Примери за цитирање

Книга

Пример на цитирање во текст:

… како што вели Саид (Саид, 2003:123) кога зборува за Саси…

Пример за список на литература:

Саид, Е. 2003. Ориентализам, Скопје, Магор.

 

Зборник

Пример на цитирање во текст:

… антологијата (Ќулафкова, 2004) е издадена на три јазика…

Пример за список на литература:

Ќулафкова, К. (ур.) 2004. Проза од Македонија, Скопје: Ми-Ан.

 

Списание

Пример на цитирање во текст:

Со преобјавениот текст (Тодоровски, 2010:10-13) списанието го одбележа заминувањето на Гане Тодоровски.

Пример за список на литература:

Тодоровски, Г. 2010. Македонската наука за книжевност пред сопствени дилеми. Спектар, 55.

 

Дневен весник

Пример на цитирање во текст:

… анкетата (Benhold, 2005:5)  за европскиот идентитет открива дека….

Пример за список на литература:

Benhold, K. 2005. Quietly sprouting: A European identity. The New York Times, 26 April 2005.

Доколку Ви се потребни повеќе информации за начинот на цитирање, посетете го Google (http://www.google.com/search?q=harvard+citation+guide), или контактирајте ја Редакцијата со седиште во Институтот за македонска литература – Скопје.

Срдечно,

проф. д-р Илија Велев
главен и одговорен уредник на „Спектар“
ilijavelev@yahoo.com

д-р Славчо Ковилоски
секретар на „Спектар“
slavcho.koviloski@outlook.com